Вербални закани кон новинар на телевизија Алсат

Екипата на Алсат телевизија при известувањето беше физички и вербално нападната од жител на селот Галата од општина Врапчиште.
„Камерите не се добредојдени тука. Дали имате дозвола да снимате тука?
-Да, имам.
-Покажете ми ја дозволата. Кажете ми каква дозвола имате. Земи ги колите и да ве нема. Сите овде живееме заедно со сите.
-Затоа и дојдовме ние тука.
-Има кој да зборува тука. Црквата има раководство и ќе зборуваат.
-Оди и тужи ме слободно.
-Ве молам, не ме допирајте, немате право. Ова е јавно место и имам право.
-Немаш право. Оди во телевизија.
-Ако мислиш дека ме плашиш, грешиш. Не поттикнувај. Ни ти не ме плашиш. Не можеш ни у… да ме исплашиш.
-Бидете внимателни со зборовите, не сме тука за белја.
-Оди си, не сте добредојдени во селото. “
Случајот е пријавен во најблиската полициска станица.
„По оваа ситуација што ја видовте во селото Галата во Општина Врапчишта, се упативме во полициската станица во Гостивар за да го пријавиме случајот во кој ние како новинари бевме спречени да си ја вршиме нашата работа“.
Полициските службеници не информираа дека лицето кое го изврши вербалниот напад врз телевизиските екипи, им е познато на органите на редот. Против него и претходно имало пријави за нарушување на јавниот ред и мир и заплашување. Според Кривичниот законик, попречувањето на службено лице предвидува казна затвор до 3 години.