ВЕСТИСВЕТ

Верверичка „тероризирала“ цел град, морало да ја осудат на смрт!

Сива верверичка, која повредила 18 лица во Велс е фатена и морало да биде успиена, јави Би-Би-Си.

Животното го добило прекарот Стрип по злогласниот лик од филмот „Гремлинс“, а луѓето почнало да ги напаѓа минатата недела во градот Бакли, Велс. Теророт траел два дена.

Ова беше премногу стресно за Корин Рејнолдс (65), која ја храни од март и вели дека верверицата била „чест и пријателски посетител“ во нејзината градина.

Стрип прво дошла да краде храна за птици и според г-ѓа Рејнолдс, таа била добра претходните месеци, дури ѝ земала лешници од раката.

Но, минатата недела, додека г-ѓа Рејндолдс ја хранела, одеднаш ја нападнала и ја каснала. Потоа слушнала  извештаи и за други напади во градот.

Според законот, сивите верверички фатени од властите не можат повеќе да се вратат во дивината.

Локалните власти го фатиле Стрип и по сослушувањето на жртвите, верверичката била успиена со смртоносна инјекција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button