МАКЕДОНИЈА

Спасовски го штител нерегуларното работење на станицата која вршела технички преглед на автобусот „Беса транс”, тврди Левица

Од Министерството за внатрешни работи и Оливер Спасовски нема коментар зошто станицата за технички преглед на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“, во која бил регистриран автобусот кој изгоре во Бугарија на „Беса транс” и за која биле утврдени серија неправилности уште во август, добила решение за забрана на работата дури три дена по несреќата во ноември, прашуваат од политичката партија Левица.

Како што се наведува во партиското соопштение:

…во станицата за технички преглед се констатирани неправилности во работата кои можат неминовно да допринесат до небезбедни возила на патиштата. Покрај нестручни лица кои ги извршуваат прегледите на возила, забележано е дека компанијата не води регистар на прегледани возила. Сепак, предлогот за забрана за работа на станицата министерот Оливер Спасовски не го потпишал, за на 5-ти октомври во станицата да пристигне автобусот, кој во ноември беше причина за ужасна трагедија. Криминалот на владејачките министри и раководители кои одлучуваат да држат предмети во фиока, народот го надоместува со изгубени животи“, се вели меѓу другото во денешната реакција од Левица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button