ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вештачењето направено во Србија за случајот „Алфа“, ќе биде доставено до Бирото за судско вештачење

Вештачењето за случајот „Алфа“ подготвено во странство ќе биде испратено на мислење до Бирото за судска медицина. Експертите од оваа институција треба да одговорат дали овој факт има основа да се квалификува како доказ и дали може да биде основа за повторно отворање на случајот „Алфа“ и повторно судење. Алсат формално упати прашања до споменатото Биро, за да го дознае нивниот став. Неофицијално ни беше кажано дека експертите треба да го кажат последниот збор. Нивниот став ќе биде познат во наредните денови пред и официјално вештачењето да се испрати до бирото од првиот човек на Кривичниот суд во Скопје.

Но, каков ќе биде сега ставот на Бирото за судска медицина за вештачењето направено од видео снимката, за која бирото во 2010 година го даде овој став:

Биро за судска медицина, предмет број 2449/09 (24.02.2010)

„Бирото за судска медицина нема техничка опрема која би овозможила расчистување (чистење) на фигури и лица кои се гледаат на видео снимката“.

Во јуни 2021 година, одбраната во случајот „Алфа“ до судот го достави вештачењето изработено од Центарот за форензички истражувања во Србија. Во нивните сознанија се нагласува дека примероци од  Агим Ислами не се совпаѓаат со ниту еден материјален доказ земен како доказ од страна на судот, додека ДНК на Реџаил Ќерими е земен спротивно на законот. Директорот на овој центар, Ненад Шипка, изјавил дека ДНК на Ќерими не е пронајдена ниту на местото на настанот, ниту во автомобилот од кој се тврди дека е извршено убиството на полицаецот Албанец и ранувањето на другите двајца во 2008 година.

Убиството на полицаецот Албанец, Африм Арифи, се случи на 26 ноември 2008 година. Со него беа повредени и двајца други полицајци Саше Петровски и Едвард Алексовски. Во 2010 година судот ги осуди Реџаил Ќерими, Агим Ислами на доживотен затвор, додека Алмир Дрпланин беше осуден во отсуство. Рамадан Шаќири е осуден на 9 години затвор за логистика.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button