СВЕТ

(ВИДЕО) Британски дипломат ги собу чевлите и скокна да спаси давеник

Британски дипломат е прогласен за херој откако скокнал во река во Кина за да спаси студентка која се давела во водата.

Advertisements

61-годишниот Стивен Елисон, конзул во Чонгкинг, шетал покрај реката во блиското село во саботата наутро, кога 24-годишно девојче се лизнало и паднало во водата близу него, пишува Би-Би-Си.

Видеа снимени од случајни минувачи покажуваат како таа се бори со водената струја, тоне, па се појавува и во еден момент изгледа како да се онесвестила.

Елисон ги собул чевлите и скокнал во реката за да ја спаси.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button