ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Советот за безбедност утре ќе заседава за актуелната ситуација со Ковид-19

Советот за безбедност на Република Северна Македонија утре ќе одржи седница на која ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата, како и за мерките и активностите на надлежните институции.

На десеттата седницата, што ќе се одржи напладне во „Вила Водно“, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

Последната седница на Советот за безбедност беше на 29 октомври. Тема и тогаш беше состојбата со Ковид-19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button