СВЕТ
(ВИДЕО) Големи поплави низ Европа, има жртви и исчезнати
![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2020/10/poplava-715x470.jpg)
Две лица го загубија животот во поплавите во планинскиот регион што ги дели Франција и Италија, а најмалку 24 се исчезнати.
Невремето предизвика големи поплави од двете страни на границата. Водата уништи мостови, блокираше патишта и изолира села.
Еден волонтер пожарникар загина во Италија за време на интервенција во долината Аоста, пренесува Индекс.
Уште едно тело е пронајдено во провинцијата Верчели, недалеку од местото каде што водата однесе еден човек.
Вкупно 16 лица во Италија се исчезнати, а цивилната заштита наведува дека сите освен еден патник на автомобилот се наоѓаат на планинскиот премин Кол де Тенде, на границата на двете земји.