ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Големо невреме во Словенија, поплавени села – евакуирани граѓани

Поројниот дожд кој синоќа зафати некои делови на Словенија, предизвика поплави во поголем број населени места во земјата. Регистрирани се илјадници несреќи, а во некои места властите беа приморани и да го евакуираат населението.

Advertisements

Словенечката агенција за животна средина издаде црвено предупредување за северниот дел на земјата. Најмногу дожд наврна на југот од подножјето на Јулијанските Алпи и во областа кон Горењска и Корушка.

Проценките се дека во овие области во текот на ноќта наврнале од 100 до 200 литри воден талог на метар квадратен.

Поради обилните врнежи се очекува излевање на реките на истокот од земјата. Како што информираат од сообраќајниот информативен центар, некои патишта се целосно затворени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button