СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО/ Хаос на „Монументал“, седум црвени картони

Ривер Плејт на домашен терен ја победи Бока Јуниорс со 1:0 во најголемото аргентинско и едно од најголемите фудбалски дербија во светот. Домашната екипа до победата дојде во 93.минута со голот од пенал на Мигел Борха.

Откако топката влезе во мрежата, експлодираа трибините на кои имаше 83 илјади гледачи. Фудбалерот на Ривер реализираше пенал против Серхио Ромеро, голманот на аргентинската репрезентација. Ромеро потоа им се пожали на соиграчите дека еден од фудбалерите на Ривер го провоцирал. Набргу потоа настана хаос, почна гужвата, а се беше поттикнато од извици од преполните трибини.

Епилог? Седум црвени картони, од кои три за играчи кои не беа ни во игра, туку на клупата и 19 минути судиско надополнување на времето. Ривер ја задржа предноста и освои три бода./Makfax/

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button