ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Хаосот во Шпанија не стивнува, лавата носи сѐ пред себе

Лавата од вулканот што еруптираше на Шпанските Канарски Острови се движи побрзо кон морето и сега се наоѓа на околу 800 метри од брегот.

Додека едната од двете реки лава забави на островот Ла Палма, другата, потопла и потечна, избувна кај градот Тодокуе, од каде се евакуирани сите жители, објави службата за итни случаи на Канарските острови, пренесува АП.

Официјалните лица со денови чекаат лавата да стигне до Атлантскиот Океан, но по вчерашното смирување на вулканската активност, интензитетот на вулканската активност повторно се зголеми преку ноќ. Кога лавата доаѓа во контакт со морска вода, можна е експлозивна реакција и ослободување на токсични гасови.

Островот Ла Палма, со околу 85 илјади жители, е долг 35 километри и широк 20 километри, а вулканската лава уништи 589 згради и 21 километар патишта од 19 септември, кога еруптира вулканот.

Благодарение на брзата евакуација, не се регистрирани смртни случаи или сериозни повреди, но вулканот досега исфрлил повеќе од 46 милиони кубни метри стопена карпа, се вели во извештајот на Институтот за вулканологија на Канарските острови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button