ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пристигнаа германските форензичари, ќе прават експертиза за причините за пожарот во Тетово

Денеска пристигнаа експертските тимови од Германија коишто треба да спроведат стручна експертиза за причините за пожарот на модуларната болница во Тетово.

Доаѓањето на експертите од Федералната криминалистика на Германија беше најавено и од страна на Владата.

Како што објавија од таму:

Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција (https://www.bka.de/EN/Home/home_node.html) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација.

Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button