(ВИДЕО) Масовна депортација на мигранти од Америка, над 500 уапсени

Соединетите Држави уапсија 538 илегални имигранти и депортираа стотици во масовна операција, објави Белата куќа, само неколку дена откако Доналд Трамп го започна својот претседателски мандат.
Соопштението беше објавено во моментот кога новиот американски претседател замина на своето прво патување во Северна Каролина на југоисток и во демократското упориште на Калифорнија на запад, двете држави погодени од природни катастрофи, за кои републиканскиот лидер жестоко дебатираше.
„Администрацијата на Трамп уапси 538 илегални имигранти со криминални досиеја“, објави на Твитер портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит, додавајќи дека стотици биле депортирани со воени авиони.
🚨DAILY IMMIGRATION ENFORCEMENT REPORTING FROM ICE🚨
538 Total Arrests
373 Detainers Lodged
Examples of the criminals arrested below 🔽🔽🔽
— The White House (@WhiteHouse) January 24, 2025
„Во тек е најголемата операција за масовна депортација во историјата. Ветувањата се исполнети“, додаде таа.
Доналд Трамп вети голема офанзива против илегалните имигранти во својата изборна кампања и во понеделникот го започна својот втор мандат со серија извршни наредби за да се запре нивниот прилив во Соединетите Држави.