ВЕСТИЗАБАВА

(ВИДЕО) Најмалото диско во светот

„Теледиско“ е најмалото диско во светот каде што се случуваат најексклузивните журки – бројот на гости е ограничен на двајца.

Отворен од германската компанија за телекомуникации Deutsche Telekom, ноќниот клуб всушност е телефонска говорница во Берлин. Влезот се плаќа со парички, просторот дозволува журкање на максимум двајца, ама ги има сите потребни работи за диско – машина за чад, диско топка, стробоскоп, светлосни ефекти, сум враз и екран на допир на кој можете да си ги пуштате омилените песни.

Можеби нема да можете да си направите селфи заради малиот простор, но затоа кабината е опремена со вградена камера која ве фотка и снима видеа од вашата незаборавна ноќ. Засега во Берлин има три вакви телефонски говорници – две на фиксни локации, а една која може да се преместува на посакуваната локација. Заинтересираните можат и самите да си набават вакво диско, кое се продава за само 350 евра по парче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button