ЕКОНОМИЈА

Пивара Скопје ги промовираше новите деловни простории

Пивара Скопје ги промовираше новите деловни простории кои се дел од двегодишниот инвестициски план на компанијата. Новите простории ќе бидат поттик за вработените да работат креативно и тимски. Во следниот период ќе се одвојат околу 13 милиони евра за модернизација на производните капацитети со нова технологија.

„Особено сме горди што овие простории ќе бидат отворени и за заедницата, особено за младите. Покрај веќе познатите наши програми како што е програмата за зајакнување на знаењата и вештините на младите луѓе и програмата за летна практика, планираме да иницираме и нови програми кои ќе се фокусираат на веќе постоечкиот голем потенцијал во земјава за креативност и иновации“, рече Горан Сладиќ, Генерален директор на „Пивара“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button