ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сеад Кочан бара помилување од државата

Бизнисменот Сеад Кочан бара помилување од државата. Алсат дознава дека веќе проследил барање до Министерството за правда за да биде пуштен од затвор пред да ја одлежи во целост затворската казна од четири години и осум месеци за случајот „Труст“ за ископ на јаловина во РЕК Битола. Сеад Кочан, екс сопствеик на фирмата „Трансмет“ е во затвор од први август 2019 – та година. До сега зад решетки има поминато речиси две години и два месеци. Кочан првично од Кривичниот суд доби шест години затвор за лажно формирање конзорциум за да добие тендер за ископ на јаловина. Но, Апелациониот суд му ја намали казната за 16 месеци.

„По одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетите С. К. од С. и В. А. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената одлука во делот на казната и обвинетиот С. К. го осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години и осум (осум) месеци“, беше наведено од Апелациониот суд.

Додека Сеад Кочан бара предвремен отпуст од затвор, тој доби отпуст од Идризово и користеше слободен викенд. Од затворот Идризово потврдија дека бизнисменот добил три дена отпуст, зошто тоа му следувало како и на други осуденици. Но, освен затворска казна за Кочан, судот пресуди и конфискација на 17 милиони евра од „Трансмет“ или онолку колку што тежеше тендерот кој Кочан го доби со тоа што формираше лажен конзорциум за да ги исполни условите да биде конкурентен. Но, досега државата не наплати ниту денар. Конфискуван е имот од компанијата – 26 недвижности, 204 движни предмети од имотот на Кочан, меѓу кои 100 возила и други движни ствари кои и се прпишани на државата. Но, сепак истите се под залог кај комерцијални банки и не може да се наплатат средствата и конечно да почне да врти бројчаникот кој го најави оваа власт.

Сепак, за Агенцијата за управување со одземен имот да почне да го распродава конфискуваниот имот, тој треба да биде чист и врз истиот да нема никаква хипотека. Освен Кочан, на затворска казна од три години беше осуден и Василије Авировиќ. Но, висината на затворската казна ја корегираше Апелација и му беше определена алтернативна казна – две години условно. Неговата мајка, Владанака Авировиќ, беше дел од осумте пратеници кои ја поддржаа власта за промена на Уставот и ратификување на договорот од Преспа.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button