ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Цената на струјата повисока, останува ли иста за домаќинствата?

Цената на електричната енергија се зголеми за 0,2 отсто. Државниот завод за статистика објави податоци дека во првите шест месеци годинава во однос на второто полугодие од лани граѓаните на Македонија плаќаат повисоки сметки за струја.

„Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.565 до 7.575 денари по KWh по групи на потрошувачи“, евлат од Државниот завод за статистика.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека граѓаните не треба да стравуваат дека цената на струјата ќе се зголемува. На регулираниот пазар цената за граѓаните е договорена и таа нема да се менува.

„Во делот на регулираниот пазар, ЕСМ како компанија има обврска да обезбеди електрична енергија пред сè за домаќинствата и е превидено до крајот на годината да обезбеди 100 проценти од потребите на домаќинствата по цена од 36,1 евро за мегават час“, наведуваат од РКЕ.
Но, од Државните електрани ЕСМ ни соопштија дека подолг период се соочуваат со проблеми во производството на струја.

„Хидрологијата е неповолна и оваа година, така што не може да се произведува електрична енергија од вода во оптимални количини или количини предвидени со годишниот план за производство“, велат од ЕСМ.

Освен ова, проблеми имаат и термоелектраните во однос на количините на јаглен во рудниците, особено со недостигот на јаглен во РЕК Осломеј.

Во август годинава струјата поскапе за 12 насто во однос на лани. Но, поради одлуката за намалување на ДДВ-то за струјата од 18% на 5%, висината на сметките остана речиси непроменета или имаше незначително зголемување.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button