СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО / Нервозниот Чави: Згрешивме премногу работи на овој меч

Eкипата на Барселона одигра 3-3 против Гранада, претпоследната екипа на табелата во Примера и однесе само еден бод од мечот од кој ги очекуваше сите три. Барселона пред својата публика двапати мораше да брка негатива, а бодот го обезбеди со голот на Ламин Џамал во 80. минута.

Чави на прес-конференцијата изјави дека неговиот тим не покажал доволно, но напомена дека не се откажуваат од борбата за титулата.

„Трката за титулата сега е за два бода потешка, но нема да се предадеме. Бодовната негатива е голема, но не е невозможно да се надополни. Згрешивме премногу работи на овој меч“, изјави Чави. по натпреварот.

Тој кажа многу повеќе за време на самиот натпревар. Камерите ги снимија неговите изливи на гнев, па тренерот на Барселона беше снимен како бесно ја шутира топката, а потоа удира со тупаница по столот. На сето тоа следеа пцовки кои ги извикуваше.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button