КОШАРКАСПОРТ

ВИДЕО / Победа на Голден Стејт со тројка од десет метри на секунда до крај

Кошаркарите на Голден Стејт славеа во драмата против Феникс (113-112) и тоа со тројка на Стефен Кери во последната секунда. Плејмејкерот на Вориорси ја презеде одговорноста на себе на неколку секунди до крајот, доби топка од аут и одлично се снајде да го исфрли чуварот. Тогаш, уште еднаш покажа зошто е веројатно најдобриот тројкаш во историјата на НБА, па погоди лесно од девет метри за 113-112. До крајот остана 0,7 секунди, Санси имаа тајм-аут и топка од страна, но не и време за изненадување и победа. Девон Букер финишира како најдобар поентер со 32 поени, додека Кери уфрли 30.

Далас убедливо ја совлада Оклахома со 146-111 во „Американ Еирлајнс Центарот“ во Тексас. Мавси одиграа моќен меч предводени од Лука Дончиќ кој уфрли 32 поени, подели девет асистенции и фати осум скока. Домаќинот успеа да го задржи одличниот Шеј Гилџус Александер на „само“ 25 поени и тоа ги доведе до победата.

На останатите терени Клиперси славеа против Детроит, Бруклин го совлада Сан Антонио, Шарлот беше подобар од Мемфис, Орландо по продолжение го доби Чикаго, Филаделфија триумфира во Вашингтон, Атланта се радува со Хјустон, Индијана слави во Њујорк, Кливленд беше убедлив во Торонто и Њу Орлеанс победи во Портланд.

РЕЗУЛТАТИ:

Далас – Оклахома 146-111

ЛА Клиперс – Детроит 112-106

Бруклин – Сан Антонио 123-103

Шарлот – Мемфис 115-106

Орландо – Чикаго 114-108

Вашингтон – Филаделфија 113-119

Атланта – Хјустон 122-113

Њујорк – Индијана 111-125

Торонто – Кливленд 95-119

Портланд – Њу Орлеанс 84-93

Г. Стејт – Феникс 113-112.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button