СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО / Реал само бод против Виљареал, Јовиќ ја погоди гредата

Реал Мадрид освои само еден бод против Виљареал, во пресметката која заврши без гол. По првото полувреме без големо ривалство, во вториот дел мадриѓаните доминираа, но без конкретизирање на бројните случаи, додека најголемата шанса ја имаше Јовиќ, кој го лобуваше голманот на Вињареал , но топката заврши во гредата.

Advertisements

 

Реал Мадрид на тој начин им дава уште една можност на своите ривали да се доближат до трката за титулата. Мадрид веќе брои 54 бодови, на првата позиција на табелата. Блиску до нив е Севиља со 50 бодови, додека Барселона доколку победи на преостанатите два меча е блиску до 10 бода. Виљареал, сега има 34 бода и остана на 5-то место.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button