ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

(ВИДЕО) Редок примерок на син дијамант продаден за повеќе од 40 милиони долари

Многу редок син дијамант е продаден за повеќе од 40 милиони долари во аукциската куќа Кристи во Женева, Швајцарија, објави Ројтерс.

Овој кралски син дијамант во облик на круша од 17,61 карат, поставен на прстен, достигна цена од 43,8 милиони долари.

Тоа е „најголемиот, беспрекорно сочуван, луксузен, син скапоцен камен што некогаш се појавил на аукција“, наведуваат од аукциската куќа која ја организирала продажбата.

Кралскиот син дијамант е продаден за прв пат на аукција, а овој примерок бил дел од приватна колекција половина век.

„Овој дијамант е меѓу најретките откриени досега“, се вели во соопштението на организаторите на аукцијата.

Додаваат и дека во 250-годишната историја на аукциите претходно се појавиле само три скапоцени и добро сочувани сини дијаманти со повеќе од 10 карати, а тоа се случило во 2010, 2014 и 2016 година.

Синиот опенхајмер, тежок 14,62 карати, е продаден за повеќе од 57 милиони долари во 2016 година, според Кристи.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button