
По два и пол века се отворени писмата запленети од британската кралска морнарица пред да стигнат до француските морнари за време на Седумгодишната војна, пренесува Би-Би-Си.
Претежно романтични, тие биле напишани во 1757 и 1758 година, а биле наменети за морнарите на францускиот воен брод.
Седумгодишната војна ја воделе Британија и Франција за контрола на Северна Америка и Индија. Војната завршила со примирјето во Париз, кое донело значителни придобивки за Британија.
Писмата биле откриени од професорот Рено Морје од Универзитетот „Кембриџ“, во Националниот архив во округот Кју.
– Писмата откриваат како живееле морнарите и нивните семејства и зборуваат за „универзалното човечко искуство“- вели професорот Морје.
Извор: Би-Би-Си