СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО / Роналдо стана рекордер по бројот на постигнати голови со глава

Кристијано Роналдо го постигна првиот гол во новата сезона и постави нов рекорд. Ал Наср, во Купот на арапските шампиони, го победи Монастир со 4:1. Роналдо го одигра целиот натпревар и постигна гол во 74.минута.

Advertisements

Со овој гол португалецот ја продолжи неверојатната серија од 22 сезони во кои постигна барем еден гол. Покрај тоа, тој стана рекордер по бројот на постигнати голови со глава. Досега тоа беше Германецот Герд Мулер со 144 гола. Португалецот е на 145, а трет е Карлос Сантилјана со 125, додека четвртото место му припаѓа на легендарниот бразилец Пеле, кој во кариерата постигна 124 гола со глава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button