СВЕТ

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку 10 загинати

Најмалку десет лица загинаа, а осум се повредени при уривање на зграда во главниот град на Египет, Каиро, објавија државните медиуми.

Advertisements

На местото на настанот во работничката населба Кердаса во Гиза биле испратени возила на брза помош. Таму тимовите за цивилна заштита трагаат по исчезнатите под урнатините, пишува весникот „Ал Ахбар ал Јум“.

Очевидци за весникот изјавија дека уривањето на зградата било предизвикано од експлозија на плинска боца и дека истрагата на полицијата е во тек.

Градежните прописи нерамномерно се применуваат и се спроведуваат во Каиро, каде што живеат повеќе од 26 милиони жители.

Во изминатите години египетската метропола беше сведок на неколку фатални уривања на згради, во некои случаи поради дотраената состојба на некои од нив, а во други поради непочитување на градежните прописи.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button