Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 141, соопшти денеска владата предупредувајќи дека обилните врнежи предизвикуваат нагло зголемување на Црвена Река и се заканува да ги поплави централните области на главниот град Ханој.
Обилните дождови донесени од тајфунот Јаги предизвикаа смртоносни одрони и поплави во северен Виетнам, при што загинаа 141 лице, а 59 се водат како исчезнати, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи.
Имаше и големи материјални штети и нарушување во бизнисот и индустријата.
Некои училишта во Ханој им рекоа на учениците да останат дома до крајот на неделата поради загриженоста од поплави, а илјадници жители, кои живеат во ниските области, беа евакуирани, според извори на владата и државните медиуми.