ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Калифорнија предизвика одрони и лизгање на земјиштето

Eкспертите велат дека е најсилниот во овој регион во последните две децении

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала вчера попладне ја погоди областа помеѓу американските сојузни држави Калифорнија и Невада, за кој експертите велат дека е најсилниот во овој регион во последните две децении.

Advertisements

Очевидци на социјалните мрежи поставуваат фотографии и видеа на кои се гледаат одгромни одони како паѓаат покрај автопатот. Од лизгањето на земјиштето сериозно се оштетени неколку возила, но за среќа нема повредени.

Земјотресот, чиј епицентар е јужно од езерото Тахо во Калифорнија, предизвика низа последователни земјотреси, од кои најмалку еден беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

„Ова е најсилниот земјотрес што го погоди регионот во последните две децении. Имаше нешто повеќе од 5,9 степени во Рихтер“, изјави Греем Кент, директор на сеизмичката лабораторија на Универзитетот во Калифорнија, за Ју-ес-еј Тудеј.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button