ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Снежно невреме ја зафати Британија

Обилни снежни врнежи утрово затрупа дел од Велика Британија, а патниците се најдоа во сообраќаен хаос. Метеоролозите предупредија дека може да дојде и до прекини на струја.

Десетици училишта се затворени, а дождот, кој се ширеи од југ и запад, почна сè повеќе да прераснува во лапавица и снег.

Лондонскиот градски превоз соопшти дека има доцнења во некои делови од градот поради проблеми со напонот предизвикани од мразот на шините.

На југозапад, повеќе од 20 летови се откажани на аеродромот во Бристол поради обилните снежни врнежи, а патниците се предупредени за можни дополнителни доцнења.

Извор: Daily Mail

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button