ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Во Струга протест поради претепувањето ученик од страна на професор

Учениците од албанските паралелки од гимназијата Ибраим Темо, денес протестираа пред Основниот суд во Струга, после вчерашниот инцидент во нивното училиште, кога нивни сооученик од втора година од страна на професор по англиски јазик беше нападнат со железен боксирач. Велат дека се собрале пред судот за да побараат правда, при тоа извикувајки – „стоп на насилствотото“, „бараме казна“, „не сме безбедни“. Тие денес ја бојкотораа и наставата во знак на револт, после вчерашниот инцидент. Ученикот од селото Велешта, со повреди на левата страна од главата беше пренесен во струшката болница, а професорот приведен во полиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button