РЕГИОН
(ВИДЕО) Зимата пристигна во Словенија, делови од земјата затрупани со снег

Снег, дожд и ветер предизвикаа големи проблеми во текот на ноќта во повисоките делови на северниот регион на Словенија, во Каринтија, поради што локалниот сообраќај е прекинат, изјави денеска Бранко Градишник, шеф на планинарската служба.
На некои места бурата била толку силна што корнела и дрвја, јавува СТА.
Počeo snijeg na vrhu Platka! @N1infoZG pic.twitter.com/VS2LNyzrDS
— Tea Blažević (@blaTeabla) October 11, 2020
Штетите се најголеми во горната долина Межица, каде во неколку наврати морале да интервенираат пожарникарите.