ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

(ВИДЕО) Ѕирнете во уникатниот стан на Мерилин Монро кој се продава за 3 милиони долари

Поранешниот дом на Мерилин Монро и Артур Милер во близина на Сатон Плејс се продава за 3,05 милиони долари, што е забележителен пад од неговата првична барана цена од 3,75 милиони долари.

Монро се мажела три пати, а нејзиниот последен и најдолг брак, кој траел пет години, бил со Милер. За тоа време, парот живеел во зграда од 1927 година која имала 14 ката. Површината на станот е 203 м2 и нуди прекрасен поглед на Ист Ривер. Во него има трпезарија и камин.

Станува збор за престижна адреса, пишуваат странските медиуми. „Њујорк пост“ напоменува дека дизајнерот Бил Блас некогаш живеел во пентхаусот на зградата, како и дека други значајни жители на зградата биле членови на кралското семејство како што е шведската принцеза Медлин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button