ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Министерството за земјоделство го укина колективниот договор на вработените

Министерството за земјоделство го укина колективниот договор на вработените

Министерството за земјоделство го укина колективниот договор на вработените во оваа институција. Ваков преседан во Македонија досега не е виден, обвинуваат од синдикатот УПОЗ. Синдикалците вела дека сега во прашање се доведени платите на околу 350 вработени во шумската полиција. Трпе Деаноски од УПОЗ вели дека по барање на ресорното министерство владата го задолжило Инспекторатот за труд да направи надзор на колективниот договор. Иако не се утврдени неправилности властите решаваат договорот да го откажат, а потпис на отказот става министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

„Ова значи дека припадниците на шумската полиција кои земаат плата согласно овој колективен договор ќе земаат плата само уште шест месеци а потоа господ нека им е на помош. Намерата на министерството беше платите на шумската полиција да ги префрли во закон и на тој начин да го изигра колективното договарање. Мислеа дека така ќе ги изиграат и вработените и синдикатите но вчера министерството доби иНнформација од друг државен орган кој им наложи дека платите на шумската полиција мора да се регулирани со колективен договор“,рече Трпе Деановски претседател на УПОЗ.

Синдикалците велат дека сега министерот сфатил дека направил сериозна грешка, но назад нема. УПОЗ сега подготвува кривични пријави против министерот Николовски и уште неколку лица, а на вработените им порачуваат да ги искористат сите бенефиции согласно колективниот договор. Од земјоделие пак велат дека колективниот договор бил нереален и штетен за државата.

„Синдикатите потписници на Колективниот договор за вработените во МЗШВ, без спроведување на законска постапка склучиле незаконит колективен договор со тогашниот министер. Доколку истиот продолжеше да се применува ќе предизвикаше долгорочни негативни последици врз остварување на основните права од работен однос на вработените во МЗШВ“, велат од Визарт Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство.

Дека министерството за земјоделие погрешило со оваа одлука констатирал секретаријат за законодавство. Според информациите на УПОЗ следен колективен договор кој ќе биде на удар од властите ќе биде оној во министерството заз култура./Alsat.mk

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button