ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Викенд-населбата на Попова Шапка во очајна состојба

Викенд-населбата на Попова Шапка е во лоша состојба. Патот е со дупки, а има многу градби спротивно на сите стандарди. Минатото раководство на Тетово секоја година ветуваше подобрување на инфраструктурата, но тоа не се случи. Сега такви ветувања има и од новото раководство на општината.

Со длабоки дупки, без канализација и со исклучително лошо осветлување. Ова е улицата во викенд-населбата на Попова Шапка.

Ваквите слики, со автомобили кои се расипуваат поради големите дупки овде на патот до викендичките на Попова Шапка, станаа секојдневие. Одржувањето на патот е малку подобрено, велат жителите, но дупките не се санирани.

Ваквата состојба и недоволното одржување уште повеќе го отежнуваат движењето на автомобилите.

“Има дупки, но што треба да се прави, треба да се затвори и да се асфалтира. Канализацијата е катастрофа, има слабо осветлување, но патот е катастрофа, нема паркинг. На многу автомобили им остануваат маската на пат”, Жител

Санација на патот се ветуваше речиси секоја година, но тоа никогаш не се случи. Пред една година дури беше земен кредит од Светската банка за асфалтирање, но во последен момент општината ги прераспредели средствата. Ветувања сега дава и новиот градоначалник на Тетово.

„На пролет ќе имаме генерален план за санирање на дупките во градот, но секторот за општински дејности ги скенира сите патишта кои се проблематични и за кои ќе имаме план да ги поправиме и тоа не само полнење на дупките, туку и целосната замена на слој асфалт со нов слој, а во овој план, секако дека ќе биде опфатена и викенд-населбата“, изјави Биљал Касами Градоначалник на општина Тетово

Патот не е единствениот проблем во овој дел на Шапка. Проблем се и градбите без никаков план и стандард. Изградени се градби на два или три ката, наместо викендички кои според прописите треба да бидат од камен и дрво. /Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button