ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните разочарани од пропаѓањето на преговорите за раст на минималецот

Граѓаните и понатаму остануваат со надеж дека следната недела ќе донесе согласност за договорот за зголемување на минималната плата на 18 илјади денари. Како што велат, постојаниот раст на цените на производите уште повеќе им го отежнува животот.

“Дали знаете за четворица колку пари требаат, не ни стигнуваат, но што да правиме. Како да ги покриеме трошоците кога имате 10 илјади денари за струја. На пример, со 20 илјади денари како да се живее? Треба да се јаде, да се пие, тежок живот”.

“Работев во училиште 46 години за да добијам 15.000 – 16.000 денари. 10 илјади денари само за струја давам, 1.500 денари за вода, а за другите, Бог знае како ќе ги платам”.

“Некои граѓани дури велат дека ниту евентуална минимална плата од 18.000 денари нема да биде  доволна за да се покријат сите трошоци на едно четиричлено семејство”.

“Инфлацијата е многу висока, особено за оние со една плата. И 18.000 се малку со оваа инфлација, но сепак се добредојдени за оние со пониски плати”.

 “Треба да биде 30.000 денари, со 18.000 не се излегува на крај. Како се снаоѓаме? Да живеат печалбарите”.

“Треба да биде 18 илјади денари, со 16 илјади денари што да прави човек… Имаме трошоци, струја, телефон, пазарење. Со 500 денари ќесата ќе остане празна, 1.000 денари ќе ве чини еден ден, 30 дена 30 илјади денари”, граѓанин.

Ниту синоќа не беше постигнат договор за покачување на минималната плата и по втората средба меѓу синдикатите, работодавачите и владините претставници. Синдикатите ги обвинија работодавачите дека даваат несериозни предлози и наместо да го гледаат најдоброто за работниците, тие само ги гледаат своите интереси. За работодавачите, доколку покачувањето на платата достигне 18 илјади денари, тогаш Владата треба да им помогне со субвенции за работничките придонеси. За работодавачите е прифатливо минималната плата да биде 16.300 денари. Економскиот тим на Владата в понеделник ќе ги разгледа сите предлози за да одлучи кое од решенијата е најприфатливо. /Алсат.мк

 

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button