СПОРТФУДБАЛ

Винсент Компани инсистира, баварците тргнаа по Бернардо Силва

По доаѓањето на Винсент Компани, баварците тргнаа во потрага по играчи, а нивна нова мета е Бернардо Силва.

Advertisements

Михаел Олисе пристигна од Кристал Палас, а Баерн сака уште еден креативен играч за врска. Силва бележи одлични партии на ЕП, а зад себе има блескава сезона во Манчестер Сити. Ова е втор Португалец кој сакаат да го доведат во Баерн во летниот преоден рок.

Клубот од Минхен ги договорил условите со Жоао Палиња, додека трансферот на Силва се уште е во почетна фаза. Силва има откупна клаузула од 50 милиони фунти, а неговиот договор со Манчестер Сити истекува во 2026 година. Во текот на кариерата Силва настапуваше за Бенфика, Монако, а од 2017 година е играч на Манчестер Сити.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button