СПОРТФУДБАЛ

Висар Муслиу е херој на Падерборн во победата кај Кајзерслаутерн

Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу е херој на неговиот Падерборн во победата на гостувањето кај Кајзерслаутерн од 1-2 во меч од 21. коло во Втората германска лига.

Откако домаќините стигнаа до брзо водство од 1-0 уште во 3. минута преку Елведи, гостите од пенал преку Кинсомби израмнија на 1-1 во 65. минута.

Тогаш на сцена стапи македонскиот фудбалер кој со гол во 72. минута ги постави конечните 1-2 и донесе голема победа за својот тим./Ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button