ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Високи температури до недела, Владата со препораки

Од денеска до недела територијата на Македонија ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза. Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, Владата донесе препораки за ослободување од работни обврски на најранливите групи на население, бремените жени и хронично болните лица. Во градинките се препорачува да не се практикува физичка активност на отворено и да не се изнесуваат децата надвор од 11:00 до 17:00 часот.

Препораките важат и за единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, за пружање помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, во регионите опфатени од топлотниот бран. Исто така се препорачува, работодавците да ги почитуваат законските обврски во насока на одредени технолошки и производни процеси, кои претставуваат дополнителен ризик за здравјето на работниците. Владата упати апел до јавноста и граѓаните за внимателно движење во шумите и избегнување дејствија кои на отворен простор можат да предизвикаат пожар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button