ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
АКО ПАТУВАТЕ: Еве колку се чека на Табановце и Богородица
Доколку утринава патувате или тргнувате на пат имајте на ум дека на граничните премини има редици за влез и излез од земјава.
На граничниот премин Табановце утринава за влез во земјата се чека околу еден час, а на граничниот премин Богородица околу 30 до 40 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.