ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот за борба против корупција Лупчо Николовски признава дека е свесен за наводите за мито при добивање на возачка дозвола

Кабинетот на вицепремиерот за борба против криминал и корупција реагираше за скандалот со мито за добивање на возачка дозвола. Николовски за Алсат изјави дека тие биле официјално известени од Обвинителството за наводите за корупција при добивање на возачки дозволи. Тој апелираше до граѓаните да ги пријават сомнежите за корупција.

Advertisements

 „Институциите треба да бидат во служба на граѓаните и при најмал сомнеж за корупција треба да пријават, а одговорните тела треба да постапуваат според законите, не само во овој случај, туку и во сите други случаи каде има сомнеж за корупција. Во целиот процес на откривање на корупцијата, гласот на граѓаните е важен затоа што пред законот сите се исти, по секој прекршок следи одговорност“.

Во меѓувреме, граѓаните продолжуваат да ги пријават во нашата редакција своите лични искуства. Инситирајќи да останат анонимни, тие тврдат дека платиле 200-300 евра за полагање на возачки испит и дека неколкупати биле „намерно буткани“. Алсат беше на Градскиот полигон, но никој не сакаше да ги коментира пријавите.

„Центарот на полигонот за возење во Тетово  како да е блиндиран и не се дозволува со камера одблизу да се снима или да се прашуваат кандидатите за проблемите, за кои се пишува и на социјалните мрежи.

 Тишина во Регионалниот центар за возачки испити во Тетово. Од оваа институција, иако контактирани од Алсат, не сакаа да коментираат. Досега е пријавен еден случај во скопското обвинителство. Од таму рекоа дека го добиле случајот и работат на собирање на докази, но без да изнесат детали се додека не се утврди дали има основа за отворање истрага. Го прашавме Министерството за внатрешни работи, оддел кој доделувал тендери на приватни центри за испити. Оттаму ни беше кажано дека тие не добиле никаква пријава за сомнежи за таква корупција .

Adnan Qaili

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button