ВЕСТИЕКОНОМИЈА

За еден месец регистрирани нови над 900 невработени лица

Бројот на невработени лица на крајот на февруари според евиденцијата на Агенцијата за вработување изнесува 159608 лица што е за 927 лица повеќе во однос на јануари 2021 година. Во овој месец се евидентирани нововработени 3185 лица и 5440 кои стекнале статус на невработено лице. Од почетокот на кризата без работа, според евиденцијата, останале 18266 лица.

Меѓу невработените евидентирани лица најмногу 31293 се од Скопје, 20781 се во Тетово, 16.585 во Куманово, 11765 Гостивар, 6742 во Битола, 4468 во Штип….

Најголем број од невработените се на возраст меѓу 55 и 59 години 21360 ица, на возрат од 50 до 54 се евидентирани 17890 и од 45 до 49 години 16927. Голем број невработени има и меѓу лицата на возраст од 24 до 29 години – 17764.

Најбројни меѓу невработените се оние без или со основно образование 85525 лица, со непотполно средно образование се евидентирани 15750, со средно 42749, со вишо 1407, со високо образование како невработени се евидентирани 13174, магистри на наука се 974 и доктори на наука во евиденцијата на невработени се 29 лица.

Според националната припадност најбројни меѓу невработените се Македонци 77124, Албанци се 53169, 14714 се Роми…

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button