ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата бара повеќе резултати и помалку поплаки од Антикорупциска

Владата ѝ одговори на Комисијата за спречување на корупција! Од Владата смета дека Антикорупциска не треба да се жали и да изразува очај од извршната власт за недостаток на просторни услови, туку треба да ја исполни својата законска обврска.

Во име на Владата, вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски одговори на критиките од претседателката на антикорупциска Билјана Ивановска дека се разочарани од Владата, бидејќи од минатата година не ги обезбедила потребните работни услови што на оваа институција со години им се ветува.

Сепак, вицепремиерот Николовски беше без конкретен одговор дали оваа година Владата ќе ги обезбеди потребните простории за Антикорупциска, без кои не ќе може да ја користи техничката опрема донирана од Европската Унија.

Во изјава пред една недела, претседателката на Комисијата за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, за Алсат изјави дека е разочарана од Владата. Ова се должи на фактот што Владата донесе одлука за ветените простории да ги даде на други државни институции.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button