ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата „дозволува“ штрајк, но со отворени училишта и градинки

Владата „дозволува“ штрајк, но со отворени училишта и градинки

Образовниот процес не може да биде прекинат и покрај најавите за генерален штрајк на синдикатот на образованието, вели премиерот Димитар Ковачевски. Министерството за образование и општините треба да го организираат работниот процес, бидејќи децата мора да имаат настава, а децата во градинките мора да бидат згрижени. Ковачевски се надева дека низ социјален дијалог ќе се најде решение за барањата на синдикатот.

„Многу јасен закон имаме во однос на организирање на штрајк во сите делови, училиштата. Министерството за образование и општините кога се работи за основно образование мора да го организираат образовниот процес, децата мора да имаат образование. Се надевам дека во наредниот период ќе изнајдеме решение и дека децата прво ќе останат во училиштата, а со синдикатот ќе се изнајде решение бидејќи и со штрајк и без штрајк на крајот мора да има социјален дијалог“, изјави Димитар Ковачевски- Премиер. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button