Владата ќе треба да достави до Собранието акциски план за обезбедување правична и соодветна застапеност во институциите
Владата ќе треба да достави до Собранието акциски план за обезбедување правична и соодветна застапеност во институциите
Собраниската комисија за правична застапеност бара од Владата акциски план за обезбедување правична етничка застапеност во државните институции. Овој план ќе послужи и како почетна точка за работата на комисијата, која првиот извештај треба да го поднесе во јануари следната година. Иако се очекуваше првата седница на комисијата да биде подинамична, по сите политички препукувања во изминатиот период по укинувањето на балансерот, таа, всушност, беше мирна и кратка.
„Комисијата треба да достави до Владата барање за доставување на акцискиот план за правична и соодветна застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт. Нормално, заеднички треба да одлучите за рокот до кога ќе се поднесе овој план. Мислам дека до средина на декември е доволно време, од денеска до средина на декември, 30-дневен рок за Владата“, рече Талат Џафери, претседател на комисија за правично претставување.
Собранието, со прелиминарен договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт, на 2 октомври ја формираше Собраниската комисија за следење на правичната и соодветната застапеност на сите заедници. Целта е да се даде мислења, препораки и заклучоци кои треба да ги спроведат државните органи и други институции. СДСМ првично беше против, опишувајќи го како договор меѓу ВМРО и ДУИ, но при неговото формирање гласаше „за“.
Сите судири околу правичната застапеност привлекоа внимание откако Уставниот суд укина неколку членови од законите за администрација и механизмот за правична застапеност познат како „балансер“. Практично, институциите повеќе нема да отвораат конкурси каде услов ќе биде изјаснувањето на етничката припадност. И власта и опозицијата по ваквата одлука на Судот најавија нови предлог – закони, со кои велат дека ќе се обезбеди правична застапеност, како уставна категорија./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши