МАКЕДОНИЈА

Владата утре ќе именува нов директор на АНБ

Премиерот Димитар Ковачевски најави крај на ерата на Виктор Димовски, задолжен за националната безбедност. Од 14 декември Агенцијата ќе има нов директор, а Димовски ги подготвува торбите за амбасадор во Франција. Меѓу имињата за кои се шпекулира како наследници на Димовски, иако власта не ги кажува официјално, се знае дека се Зоран Мачкиновски, Жарко Милошовски и Оливер Лукаревски. Кој ќе ги помине филтрите во Владата ќе се знае утре бидејќи Владата не доставила никакви информации од постапката за избор на кандидати и филтрите низ кои поминале.

Advertisements

Виктор Димовски го завршува својот директорски мандат без во Комисијата за надзор над работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање да даде отчет за скандалот со државјанството на прорускиот олигарх Олександер Онишено. Седницата е свикана за четврток, но дотогаш Димовски веќе еден ден нема да биде директор. Претседателот на комисијата Љупчо Пренџов вели дека за случајот Онишченко мора да има одговорност.

Димовски сепак, може да остане без амбасадорското место доколку се утврди негова одговорност за веќе одземеното државјанство на Онишченко во случајот со „рускиот шпион“ како што претседателот Стево Пендаровски го нарече Украинецот минатата недела во „Патот кон“. Сè зависи од Владата и двата извештаи, извештајот на АНБ за постапката и извештајот на МВР за истрагата. Ако кај Димовски не биде откриена одговорност, ќе оди во Париз.

Димовски си заминува од АНБ на чие чело дојде во 2019 година. Зад себе остава илјадници непотпишани барања за државјанство. Многу институции потфрлија во процедурите поради немањето безбедносни сертификати за вработените и пред сè, ја остава АНБ без нов објект каде оваа институција требаше да се одвои од МВР.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button