ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Владата утре ќе одлучува за маржите на профит

Владата се очекува утре да донесе одлука за поставување маржа на профит од 10 проценти за над 100 групи на прехранбени и непрехранбени производи. Мерката ќе стапи на сила веднаш штом ќе биде објавена во службениот весник, а Министерството за економија брза да ги спречи трговците однапред да ги зголемат цените. Како што најави министерот за економија, анализата на Пазарниот инспекторат покажува дека зголемувањето на цените на производите најмногу се должи на дистрибутерите, кои за одредени производи, ги зголемија маржите дури и до 50 отсто.

Advertisements

„Трговците ги зголемија цените на малопродажните прехранбени производи од 5 на 20%. Имаше и непрехранбени артикли кои ја зголемиле маржата до 30%. Додека во трговијата на големо има зголемување на маржата од над 50%, тоа нема логична економска основа. Поради оваа причина Владата ме обврза да подготвам мерка за стабилизирање на состојбата на цените на стоките на нашите пазари или маркети“, рече Бесар Дурмиши – Министер за економија.

Со поставување на маржата, цените на одредени производи најверојатно ќе се намалат до 40%. Мерката важи до 30 април годинава, а други кошници за Рамазан и Велигден, нема да има.

„Ќе има ограничување за 10% од маржата. Нема замрзнување на цените, но ќе има 10%. Ако ја зголемиле маржата од 50% на големо, ограничувањето ќе биде на 10%, и автоматски ќе се намали за 40% цената на оние производи за кои цената е зголемена за 50%. Оваа мерка е и за двата празници што ги имаме во овој временски период, празникот Рамазан и Велигден“, додава Дурмиши.

Дурмиши најави дека од утре ќе започнат консултации со Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, Царина, Заводот за статистика, Пазарниот инспекторат и Комисијата за заштита на потрошувачите за подготовка на долгорочно решение за стабилизирање на цените на пазарите. Поради високите цени, граѓаните веќе два пати ги бојкотираат маркетите, при што првата недела нивниот профит се намали за 46%, а втората недела за 22%.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button