ВЕСТИ

Владата засега нема да урива дивоградби во Скопската чаршија

Уривањето на дивоградбите во скопската чаршија нема да се случи уште некое време. Ова се должи на тоа што Владата одлучи да ги чека извештаите од сите надлежни институции. Прашан зошто Владата го заобиколува извештајот на Инспекторатот, Заев вели дека тоа е сторено за да се избегнат други правни проблеми.

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам го достави извештајот до Владата во кој се наведува дека во пет згради открил дивоградби, како што се надградба на објекти, бесправно изградени делови и други неправилности. Во извештајот на Инспекторатот, кој Алсат неофицијално го обезбеди, се вели дека во Парцелите број 9438 или каде се наоѓа поранешната „Менада“, констатирано е надградба на постојната зграда и по административната постапка е донесена одлука за уривање на овој дел.

Инспекторатот оценува дека мерки треба да се преземат и во парцелата 8959 каде се наоѓа новата зграда на хотелот „ДОА“. И парцелата 8965 исто така се наоѓа во овој дел од чаршијата. Во извештајот на Инспекторатот за градежништво и урбанизам се наведува дека се пронајдени неправилности и во парцелата 9173/1, зградата што се гради зад хотел „Буши ресор“ и во парцелата 9317, која се наоѓа во Центарот на чаршијата, во близина на „Капан ан“ и за овие објекти процедурите се во тек.

За дивоградбите во Старата чаршија во Скопје, општина Центар и општина Чаир изјавија дека одговорноста паѓа на Министерството за транспорт и врски, бидејќи чаршијата е во надлежност на оваа институција.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button