ВЕСТИРЕГИОН

Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган – двајца најфаворизирани лидери во Србија, Црна Гора и Македонија

Американскиот институт ИРИ неодамна објави истражување на земјите за Западен Балкан за 2022 година.

Помеѓу многуте прашања што овој институт им ги постави на граѓаните на балканските земји беше што мислат за светските и регионалните лидери и во кого од нив имаат најголема доверба.

Граѓаните на Косово се изјасниле дека 65 отсто од нив најмногу се залагаат за американскиот претседател Џо Бајден.

За разлика од Косово, во Црна Гора фаворизиран лидер е рускиот претседател Владимир Путин, кој има 27%, втор е премиерот на оваа земја Здравко Кривокапиќ со 22%.

Трет е турскиот претседател Едроган со 18%, колку и американскиот претседател Џо Бајден, кој е на четвртото место.

Како петти најфаворизиран лидер, Црногорците го имаат претседателот на Србија, Александар Вучиќ со 17%.

Србија како најфаворизиран светски лидер го има претседателот на Русија, Владимир Путин, со 62%, кој зад себе го остава на второ место претседателот на оваа земја, Александар Вучиќ со 42%.

Трет најфаворизиран лидер за Србите е претседателот на Кина, Си Џинпинг со 37%, четврти е српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик со 26%.

Петти во рангирањето е премиерот на Унгарија, Виктор Орбан со 16%.

Во земјава граѓаните се изјаснија дека им се допаѓа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со 39%, српскиот претседател Вучиќ е втор најфаворизиран со 35%, трет Путин со 34%.

На четврто место е претседателот Џо Бајден со 15%, а петти по процент е премиерот на Косово, Албин Курти со 19%.

Анкетата беше спроведена во рамките на центарот на институтот „Центар за увид во анкетно истражување“ на Ипсос Стреџик Маркетинг, од 30 декември до 20 февруари.

Податоците се собрани со интервјуирање на граѓани во нивните домови.

Во Црна Гора беа интервјуирани 1008 испитаници, во Србија 1504 и во Северна Македонија 1479 испитаници.

Маргината на грешка за овие три држави може да биде до 9,3 проценти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button