ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Владините мерки за намалување на маржата- не го постигнаа ефектот

Владините мерки не успееа да ги намалат цените на основните прехранбени производи. На рафтовите на маркетите може да се забележи намалување од 7 до 9 денари на маслото за јадење и тестените, но за останатите производи намалувањето е речиси и незабележително. Цените на лебот, брашното, јајцата, млекото, шеќерот покрај ограничените трговски маржи и укинатите дополнителни трошоци се продаваат за еден до три денари поефтино.

Граѓаните велат дека цените се менуваат од цен за ден. Производите се поскапени, а намалување на цените не забележуваат.
„Да, тие се скапи, но ние немаме што да правиме, тие ги поскапеа, но тие не се виновни. Вината е кај нив високото раководство. Јас сум со 7 члено – семејство и дефинитивно мораме да купуваме нешто секој ден“.

Каде го забележувате поскапувањето, кај кои производи?

Повеќето од овие прехранбени производи и зеленчук се на пазарот“.

„Генерално сите производи се скапи, но лошото е што стануваат уште поскапи. Еден пример, сок од јаболко 74 денари беше на 14 јуни, следниот ден кога отидов истиот сок беше 79 денари! Но, нема што да правиме“.

И министерот за економија Крешник Бектеши вели дека мерките не го постигнале ефектот за намалување на цените. Тој не ја исклучува можноста и да се донесе мерка за целосно замрзнување на цените или сегашната одлука да се прошири следната недела.

„Дали се намалени согласно нашите очекувања, да бидам искрен не,но дополнително ќе се прошири одлуката, најверојатно тоа ќе биде следната недела зошто немаше време да се усогласат цените. Оваа недела ќе се направи анализа од денот кога се применува одлуката и најверојатно наредна недела ќе се прошири и ќе се менува согласно начинот како се прави трговијата“, изјави Крешник Бектеши- Министер за економија.

Поради ценовните шокови, владата денеска на седница усвои нов предлог закон за потрошувачи, кој ќе го достави до Собранието, со кои ќе се казнуваат трговците со парични казни до 10 илјади евра, а се предлага и затворање на бизниси до две години доколку нечесно ги зголемиле цените на производите.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button