Власта ја кани опозицијата да иницира гласање доверба за Владата

Владата не се плаши од предлогот за гласање недоверба што го најавува опозицијата. Вицепремиерката Радмила Шеќеринска наведува дека за жал сегашната опозиција се бори само да ја блокира работата на Собранието и патот на државата кон ЕУ.
На иста линија е и вицепремиерот Артан Груби. Тој вели дека опозицијата нема конкретни идеи да придонесе за надминување на сегашните предизвици.
„Во време на пандемии во време кога сите се бориме да преживее економијата, нашето општество да се препороди, да се надмине пандемијата, да се добие датум за почеток на преговорите, да се одржи првата меѓувладина конференција со Брисел и нашата земја да исплови кон пристаништето во Брисел, опозицијата нема идеја и наоѓа најразлични причини за да избегне одговорност за неколкуте порази.“
По последното интервју на Заев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски изјави дека по завршувањето на првите 100 дена од формирањето на Владата, тие ќе покренат иницијатива за гласање на доверба на Владата за што очекуваат поддршка од најмалку 61 пратеник.
Mefail Ismaili