ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Власта не го поддржа растот на платите за 2.806 денари

Власта не го поддржа растот на платите за 2.806 денари

Сојузот на синдикати на Македонија е револтиран од пратениците на мнозинството во Комисијата за финансии и буџет кои гласаа против амандманот со кој се предвидуваше зголемување на платите за работниците во износ од 2.806 денари. Синдикалците на протест пред Собранието побараа итна оставка од заменик-министерот за финансии и пратениците кои гласаа против, нагласувајќи дека работат на штета на народот и на вработените.

„Доста е, ова мора да се реши, Македонија нема време за чекање. Едвај живееме, не успеваме да преживееме од месец до месец. Што да правиме, да лажеме и да крадеме, не фала, доста е“, рече еден демонстрант.

„Нема зборови со кои може да се опише чувството кога сте изневерени од премиерот и вашата влада. Не е важно како живеам само јас, можеби живеам добро, но важно е како живеат и моите соседи. Важно е дали можат да живеат како што треба“, изјави друг демонстрант.

Генералниот штрајк во јавниот сектор почна на 22 јуни со барања за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ за сите работници согласно минималното зголемување на платата, потпишување на општ колективен договор и исплата на К-15.

Штрајкот уследи откако не беше постигнат договор меѓу Синдикатот и Владата.

Синдикатот останува на ставот за линеарно зголемување на платите, а од Владата велат дека треба да се најде систематско, а не „ад хок“ решение.

 

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button