ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Властите очекуваат добра туристичка сезона во Охрид и Струга

Oптимистички се прогнозите на властите, за туристичката сезона во Охрид и Струга. Најбројни се очекува да бидат гостите од соседството, но и од некои европски држави. Директорот на Агенцијата за туризам, Јаневски вели дека годинава очекуваат повеќе од 2 милиони ноќевања.

„Со намалување на пандемијата, почнуваме да стануваме дел од портокаловата и зелената зона, со можност за месец и половина да ги имаме првите традиционални гости од традиционалните пазари. Очекуваме да започне авио линијата Варшава Охрид и Варшава- Скопје, од почетокот на јуни. Веќе во втората половина на јуни се најавени и првите гости од Холандија. Дополнителни кружни тури кои веќе се закажани со туристи кои ќе летаат од Киев до Тирана и кои потоа ќе бидат два-три дена кај нас“, вели Љупчо Јаневски-директор на агенција за промоција и поддршка на туризам.

Но, хотелиерите се повоздражни. Тие сметаат дека сезонава нема многу да се разликува од минатата, кога земјава ја посетија мал број на странски туристи поради пандемијата. За сега сите аранжмани се на чекање.

„Верувам дека туризмот годинава ќе започне но со бебешки чекори, за да следната година имаме некоја нормализирана состојба и сезона. Сите се надеваме на втората половина на јуни, дека нешто ќе може да се придвижи“, вели Ана Јанчева-менаџер на хотел.

Во Охрид, денес продолжи снимањето на видео кампањата „Безбедно како дома“, која ќе има за цел да им покаже на странските гости, дека земјава е безбедна дестинација за летување. Кампањата ќе се емитува во Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Полска и Турција. Јанески најавува дека со шестиот пакет економски мерки е предвидена државна помош за тур операторите и туристичките агенции, дополнителна помош од 30% за угостителскиот сектор и бесплатни ПЦР тестови за странските туристи. Со земјите од регионот е договорено брз трансфер на туристи без ПЦР тестови и признавање на здравственото осигурување.

Мики Трајковск

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button