Влијанието на пандемијата врз лицата со попреченост

Луѓето со посебни потреби се соочуваат со многу потешкотии за време на пандемијата, особено во здравствениот и образовниот сектор. Учењето преку Интернет за нив беше несоодветно, а на големи пречки наидуваа и кога им требаа медицински услуги. Ограничувањето на социјализацијата за време на пандемијата значително ја влоши нивната состојба. Анализата направена од Хелсиншки комитет покажа дека пандемијата уште повеќе ја наглсасила маргинализираноста на оваа категорија граѓани. Граѓанскиот сектор бара државата да ги почитува обврските што произлегуваат од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, рече дека и покрај критиките на граѓанскиот сектор, Владата вложила напори овие лица да не бидат запоставени.
Анализата е направена во периодот на третиот бран на вирусот, а анкетите биле спроведени преку Интернет и преку телефон. Од 10 државни институции, само една одговорила на прашалникот. Дел од анализата биле и 8 организации кои се занимаваат со правата на оваа категорија граѓани, како и 218 лица со посебни потреби или лица кои се грижат за нив.
Vjollca Aliti